Свет

Украина ископала 400 километри против тенковски ров на границата со Русија

EU very worried over Russian military activity near Ukraine's border |  Euronews

Украинските граничари ископаа околу 400 километри против тенковски ров на границата со Русија во рамките на проектот „Ѕид“, изјави шефот на Граничната служба на Украина, Сергеј Дејнеко.

„Досега се ископани околу 400 километри против тенковски ров, изградени се 330 километри рокаден пат, инсталирани се 70 километри бодликава жица и 100 километри метална ограда“, рече тој во интервју за РБК-Украина .

Тој додаде дека првично цената на проектот била околу 143 милиони долари, но подоцна беше намалена на 90 милиони долари. Од оваа сума, 60 милиони долари се веќе потрошени.

Проектот „Ѕид“ започна да се реализира во 2014 година. Планирано е да се изгради линија на утврдувања, во должина од 2.000 километри, на руско-украинската граница. Работите требаше да завршат за половина година, но роковите беа одложувани неколку пати, последниот пат – до 2025 година.

 

Related posts

Leave a Comment