Свет

Украинците ги дигнаа сите мостови на Белоруската граница

Украинците ги кренаа во воздух речиси сите гранични мостови и ги минираа патиштата, изјави шефот на Државниот граничен комитет на Белорусија, Анатолиј Лапо.

„До тој степен што поставија противтенковски мини во три реда на патиштата“, рече тој.Според него, од украинска страна „на граница не одат граничарите, туку територијалната одбрана“.„Ние трпиме притисок врз нас, ги таргетираат нашите граничари, понекогаш пукаат во воздух, постојано се врши воздушно извидување“, резимира шефот на белоруската гранична служба.

Related posts

Leave a Comment