Свет

Украинците подготвувале за терористички напад на Кримскиот мост пред пристигнувањето на Путин?

По бројните закани дека ќе биде разнесен Кримскиот мост, Службата за безбедност на Украина (СБУ) одлучи да организира терористички напад на тој мост, пренесува порталот Утро.

Таа несреќа сепак беше спречена. Според рускиот политичар Константин Затулин, планот бил диверзијата да се случи една недела пред отворањето на Кримскиот мост.

Мостот беше отворен со поминување на рускиот претседател Владимир Путин – од Керч во Таман.

„Се работи за обид да се спречи преминувањето на Претседателот на Русија и да се организира терористички напад на Кримскиот мост, една недела пред тој да помине таму“, рече Затулин за Телевизијата Русија 24.

Тој не наведе други детали, истакнувајќи дека за прв пат зборува за спремањето на терористичкиот напад. Минатата година, 79 лица во Крим беа осудени за слични намери, кои се „во контакт“ со украинските специјални служби.

Related posts

Leave a Comment