Свет

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го насочи својот говор во Обединетите нации на, како што рече, „опасниот феномен“ – Миграција

 

Тој во генералната расправа во Генералното собрание на ООН рече дека неговиот народ е „горд што може да ја сочува Унгарија како унгарска земја“.

Сијарто рече дека доаѓањето на мигрантите ги вознемирува луѓето во неговата земја. „Не сакаме да бидеме земја на потекло, не сакаме да бидеме земја на транзит и не сакаме да бидеме земја дестинација“, рече тој.

Унгарија постави жица по нејзината јужна граница на крајот на 2015 година, а миграцијата оттогаш стана централно прашање за владата.

Related posts

Leave a Comment