Свет

Фајзер бара од американската влада вакцинирање на деца на возраст од под пет години

ВАШИНГТОН – Фармацевтската компанија Pfizer побара од американската влада да одобри имунизација на деца на возраст под пет години со екстремно ниска доза на вакцината против Ковид-19, што може да го отвори патот за најмладите Американци да почнат да примаат вакцини што е можно порано, веќе од Март.

Во САД има околу 19 милиони деца помлади од пет години и тие се единствената возрасна група која се уште не ги исполнува условите за вакцинација против коронавирусот, пренесува Танјуг.

Многу родители се залагаат за проширување на вакцинацијата и на малите и на децата од предучилишна возраст, особено откако наводно рекорен број деца заразени со сојот омикрон морале да бидат хоспитализирани.

„Би рекла дека родителите на малите деца во мојата канцеларија се очајни да ги вакцинираат“, рече д-р Дајан Хес, која води педијатриска канцеларија во Њујорк, каде што стапката на вакцинација е висока.

Pfizer има за цел да дава инјекции на шестмесечни бебиња кои содржат една десетина од дозата дадена на возрасни.

Related posts

Leave a Comment