АктуелноМакедонија

Фетаи го повикува Заев да сведочи во „Монструм“

 

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, која го води предметот „Монструм“, на денешното рочиште за овој предмет најави дека за сведок ќе го повика и премиерот Зоран Заев.

На денешното рочиште беше договорено судењето да продолжи ма 5 септември со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”, а предложени од Обвинителството како дополнителни докази за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Судијата Огнен Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготвата за судењето. За петкратното убиство кај Смилковско езеро, познато под работно име „Монструм“, беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето околу 38 илјади прислушкувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот.

Related posts

Leave a Comment