Македонија

Филипче: 54 лица се лекуваат на Инфективна, четворица во критична состојба

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Двајца мажи заболени од КОВИД-19 денеска починаа на Клиниката за инфективни болести, со што бројката на смртни случаи од коронавирусот во земјава се искачи на девет лица, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 44 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка сега е 329 заболени лица.

Едниот од починатите е на 45-годишна возраст, жител на Куманово, кој епидемиолошки се поврзува со член на семејствто, а имал хронични заболувања како дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност.

Другиот починат е на 78-годишна возраст од Дебар кој се лекувал од 27 март, кој имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, рече Филипче.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во овој момент се лекуваат 54 пациенти, четворица се критични, а 20 имаат потреба од кислородна маска. Останатите се со лесна клиничка слика, без потреба од поддршка за дишењето“, изјави Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а од потврдените 44 нови случаи на коронавирус, во Куманово се 23, Скопје-12, Тетово-4, Битола-2, Струга-2 и Прилеп-1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 329 лица.

Филипче информираше дека досега вкупно во земјава се направени 3.518 тестови.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 392 тестови: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев).

Разлики нема меѓу тестирањата во приватните и државните здравтвени институции, има разлика само во типот на тестовите, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

„Во Институтот за јавно здравје и во еден дел на приватните институции се прави тест којшто го детектира присуството на вирусот и тоа е по таканаречена ПСР техника, што значи дека кога ќе се направи тестот и кога ќе се потврди присуството на вирусот, значи дека пациентот е носител на вирусот и болеста може да ја прошири“, рече Филипче.

Тој додаде дека другата форма на тестови, се тестови со коишто се детектираат антителата и дека тоа засега се прави само во болницата „Систина“ и дополнително на тоа и анти-генот. Со тоа кога се проверува тестот на антитела, се утврдува дали пациентот го прележал вирусот, со оглед дека тоа е можно да е во сесема лесна форма, несвесен пациентот дека е болен, рече Филипче.

Тој истакна дека во функција е пунктот во Чаир, а утре се отвора пунктот во Млин Балкан.

„Мобилните тимови почнуваат да работат во Скопје веќе од утрешниот ден, како поддршка на пунктовите, а во смисла нат тоа постарите луѓе да седат дома и да се земе метареија од домашни услоги, согласно тоа дека тие се најризичната група граѓани. Во теков на неделава очекуваме да се екипираат и организираат и сите други пунктови“, рече Филипче.

Мобилната клиника е при крај и почнувањето на нејзиното целосно функционирање се очекува до крајот на неделата, рече Филипче додавајќи дека се уште има места и во другите клиники.

Исто така во однос на случувањата во охридската болница, тој информираше дека се утврдени пропусти во третирањето на пациентката од Струга, која почина, и дела ќе има мерки за сите вклучлени кои непостапувале согласно наредбите на Министерствто.

Related posts

Leave a Comment