Формула1

Хамилтон најбрз во Мексико, се поблиску до нова титула

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Мексико во Формула 1.

83-от триумф во кариерата на Хамилтон, со само една промена на гумите, го доближи до неговата шеста титула во кариерата.

Второто место му припадна на Германецот од Ферари, Себастијан Фетел, а третото на возачот на Мерцедес, Валтери Ботас од Финска.

Зад нив беа Чарлс Леклер, Александар Албон, Макс Ферстапен, Серхио Перез, Даниел Рикардо, Даниел Квит и Пјер Гасли.

Хамилтон води во генералниот пласман со 363 бода, Ботас има 289 бода и само е прашање на време кога Британецот ќе ја освои новата титула.

Остануваат уште три трки до крајот на првенството, а следната е наредната недела во Остин за ГН на САД.

Related posts

Leave a Comment