Свет

Хаос на седницата на ОБСЕ: Руската делегација ја напушти седницата: „Нема да учествуваме во кршење на прописите“

Osmani: North Macedonia has submitted candidature to chair OSCE in 2023 –  МИА

Руска делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го напушти состанокот во знак на протест против кршењето на прописите.

„Ако сакате да работите според правилата, тогаш мора да ги почитувате. Во случај да сакате да донесете политизирани одлуки, ние нема да учествуваме во тоа“, рече претседателот на руската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Петар Толстој, на денешната седница, објави Спутник.

Според него, собранието ја прекршило регулативата – дека одлуките се носат врз основа на две третини од гласовите на членовите на собранието, а не врз основа на две третини од пратениците кои учествуваат на седницата – преку Интернет или во лично.

На дневен ред на собранието имаше две резолуции: едната се однесува на проценката на дејствијата на Русија кон Украина и Крим, која доби поддршка од само 126 членови на собранието, додека другата, која ги осудува постапките на белоруските власти кон опозицијата, доби поддршка од 122 члена.

“Не сакаме конфронтација, туку дијалог. Одлуката донесена врз основа на 120 гласа е нелегитимна”, рече Толстој.

Собранието се состои од 323 пратеници од 57 земји. Сесијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ се одржува од 30 јуни до 6 јули.

Некои пратеници лично учествуваат на сесијата во Виена, вклучувајќи го и Толстој, додека други пратеници присуствуваат преку Интернет.

Related posts

Leave a Comment