Економија

Цената на гасот во Европа се зголеми за 10 отсто откако претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека европските земји ќе треба да го плаќаат рускиот гас во рубљи

Gas dalla Russia in Italia, ecco quanto ne importiamo e ne siamo dipendenti  | Sky TG24

Откако претседателот на Русија најави дека европските земји ќе треба да го плаќаат гасот во рубљи, цената на гасот веднаш скокна. Цената на гасот во Европа се зголеми за 10 отсто откако претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека европските земји ќе треба да го плаќаат рускиот гас во рубљи.

И рубљата веднаш реагираше на изјавата на Путин. Курсот на доларот на Московската берза падна под 95 рубљи, првпат од 2 март Еврото може да се купи за 111 рубљи.

Потсетуваме, Владимир Путин денеска изјави дека „нема смисла да се испорачува стока од Руската Федерација во ЕУ и да се примаат стоки во нивната валута и дека плаќањето за гас ќе конвертира во рубљи“.

Related posts

Leave a Comment