Македонија

Шест нови потврдени случаи на коронавирус

Во земјава од денеска има шест нови случаи на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од новите случаи на коронавирус во земјава е пациентка од авионот на Визер што синоќа слета од Барселона. За сите 51 патник од авионот е даден налог за следење.

Во Македонија сега има вкупно 18 дијагностицирани пациенти од оваа болест, рече министерот. Четворица денеска се донесени од Дебар.

Петте новодијагностицирани од Дебар ќе останат во дебарската болница, каде што има кадар што може да ги лекува овие пациенти.

Сите нови пациенти се со лесна клиничка слика, рече Филипче.

Од следните денови уште еден специјалист ќе се испрати во Дебар.

Related posts

Leave a Comment