Свет

Шлаканица за Русија“ : Америка е подготвена да испорача 100 проценти од нафтата што и е потребна на Белорусија

Прст во окото на Путин!  ПОМПЕО ЛУКАШЕНКО: Сè што треба да направите е да не повикате, САД се подготвени да ви снабдат со нафта!  (ВИДЕО)

Минск – САД се подготвени целосно да ја снабдуваат Белорусија со енергетски ресурси по конкурентни цени, изјави денеска во Минск државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

„Нашите производители на енергија се подготвени да испорачаат 100 проценти од потребната нафта по конкурентни цени“, рече Помпео по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко и министерот за надворешни работи Владимир Макеј, пренесува Тас.

Помпео е првиот државен секретар на САД што ја посети Белорусија за 26 години, во време на напнати односи меѓу Минск и Москва во врска со енергетските проблеми, забележува АП и проценува дека изјавата на Помпео е „шлаканица во лице на Русија“, бидејќи земјата неодамна го прекина снабдувањето со нафта за Белорусија.

Помпео на состанокот со Лукашенко рече дека се надева дека ќе помогне да и се даде на Белорусија можност за зајакнување на „суверенитетот и независноста“ кон кои се стреми.

„САД сакаат да и помогнат на Белорусија да изгради своја суверена држава. Нашите производители на енергија се подготвени да испорачаат 100 проценти од нафтата што ви треба по конкурентни цени. Ние сме најголемиот производител на енергија во светот и се што треба да направите е да ни упатите повик“. рече Помпео на заедничката прес-конференција со Макеј.

Белорусија и Русија не успеаја да постигнат договор за снабдување со нафта за оваа година, предизвикувајќи Русија да ги прекине испораките за белоруските рафинерии, иако делумно ги обнови на 4 јануари.

Спорот, според „Ројтерс“, бил дополнет со поширок геополитички конфликт меѓу Москва и Минск во кој Лукашенко го обвини Кремљ дека се обидува да ја присили Белорусија да влезе во унија со Русија, за која што тој рече дека ќе означи крај на неговата политичка кариера.„Јас нема да бидам последниот претседател на Белорусија“, рече Лукашенко денес, додавајќи дека разговарал за испорака на нафта со Соединетите држави, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, пренесе „Белта“.

Related posts

Leave a Comment