Македонија

Љубомир Цуцуловски : „Господине Мицкоски, ако победите на изборите, дали ќе бидете премиер на Република Северна Македонија?“

 

РЕАЛНОСТ? П р а ш а њ е: „Господине Мицкоски, ако победите на изборите, дали ќе бидете премиер на Република Северна Македонија?“ О д г о в ор: „Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме.“ (Дел од интервјуто на Христијан Мицкоски за „Радио Слободна Европа“ од 22.12.2019 год.) Меѓутоа, за да биде промената на името дел од реалноста, и тоа дел од з а к о н с к а т а реалност потребно е да бидат исполнети неколку услови.
(1) Власта, кој довела до законска промена на името и самата треба да биде законски избрана. Меѓутоа, начинот на кој сегашната власт беше избрана (на 27.04.2019.) фрла сериозна сенка на нејзината легалност/законитост.
(2) Потписникот на Договорот со Грција, министерот за надворешни работи Никола Димитров, немаше дозвола од претседателот на Државата, што е инаку вообичаена пракса.
(3) Потребното двотретинско мнозинство во Собранието го овозможија осум пратеника. Дел од нив беа претходно обвинети, дел притворени. Тоа упатува на можен притисок врз нивните одлуки/гласање. Сѐ што е одлучено под притисок, не може да биде с л о б о д н а одлука.
(4) Тоа што се нарекува Договор, беше објавено во „Службен весник на Република Македонија“ без потпис (како што е законски предвидено!) од Претседателот.
(5) „Договорот“ мораше да помине на Референдум. Не помина, но не затоа што не доби доволен број гласови, туку затоа што ја немаше потребната излезност (цензус) за да биде валиден.

Ако се земе предвид само дел од претходното, тогаш како може да се смета за законска реалност претпоставената промена на името? Конечно, постојат секакви реалности. Реалност е дека постојат убиства, кражби или фалсификати. Меѓутоа, сеедно што се дел од реалноста, тие се незаконски. Според тоа, подлежат на санкции.

Related posts

Leave a Comment