СЛОБОДА И СМИСЛА. Фиктор Франкл (1905 – 1997) е еден од најпознатите психијатри и терапевти од минатиот век. Дел од животот го минал во конц-логорот „Аушвиц.“
Основен проблем на логорашите, меѓутоа и негов, бил како да се излезе од оградите/жиците, како човек да се спаси од таа крајно нехумана состојба, во која слободата била сведена на ништо. Целата своја надеж ја ориентирале кон иднината, кон мигот кога логорот ќе биде ослободен и кога ќе можат слободно да прошетаат кога ќе посакаат и каде ќе посекаат. Дошол и тој момент. Црвената Армија го ослободила логорот. Меѓутоа, токму тогаш се јавил вистинскиот проблем – „Што сега? Слободни сме, меѓутоа што ќе правиме сега, откако сме слободни?!“ Односно, што да се прави сега, после пуштањето на слободата, бидејќи слободата, сама по себе, е празна. Таа е, во извесна смисла, ништо, ако не се исполни со нешто, ако не ѝ се даде одредена содржина, с м и с л а. Тогаш Виктор Франкл сфатил дека суштината на животот не е само во слободата. Таа е само претпоставка за здрав, нормален и среќен живот. Меѓутоа, животот вистински се очовечува, само ако се осмисли, ако се исполни со одредена с м и с л а. Токму смислата го чини човековиот живот ч о в е ч е н, за разлика од животот на другите живи суштества, кои само постојат. Така, дошол до својот познат метод – л о г о т е р а п и ј а т а. Таа е лекување, закрепнување, зацврстување со осмислување на животот. Без неа, без смислата, животот се сведува на голо, празно постоење. Човештвото (а со него и нас, Македонците) допрво нѐ чека главниот проблем. Агонијата од Корона вирусот ќе мине. Меѓутоа, што потоа? Што со нас Македонците, што со човештвото? Ќе мора да се создадат нови вредности, како и нова смисла на живеењето/постоењето. Инаку, и понатаму ќе талкаме во мракот на немаштијата, омразата, зависта, деструкцијата. Затоа, ќе мора да научиме да даваме, за да добиваме; да љубиме за да бидеме љубени; да човекуваме, наместо само да постоиме. Патот допрва следи. А, со него, и новиот живот. P.S. Интересна е неговата книга „Нечуен плач за смислата“
ФБ Статус на професорот Љубомир Цуцуловски