Свет

Џонсон: Путин мисли за Киев исто како Милошевиќ за Косово

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ги спореди претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ.

Џонсон во интервју за Скај њуз изјави дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да ја нападне Украина.

– Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ за Косово – рече Џонсон и додаде:

– Милошевиќ веруваше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српскиот народ. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и за потеклото на православната вера.

Како што вели Џонсон, ова е голема грешка на Путин.

– Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции и судбина. Направи суштинска грешка – изјави Џонсон.

Related posts

Leave a Comment