Свет

28-годишна Австралијанка, осудена на 6 месеци затвор, затоа што не отишла во карантин

Melburn viktorija australija koronavirus

28-годишната Ашер Феј Вандер Санден е осудена на шест месеци затвор за кршење на правилата за самоизолација во Австралија, јавува Би-Би-Си .

Девојката минала еден месец во сојузната држава Викторија која е сериозно погодена од коронавирусот. На девојката и било дозволено да се врати дома во Перт во Западна Австралија и добила 14-дневен хотелски карантин на сопствен трошок. 

28-годишната девојка тајно влегла во државата и отишла во куќата на нејзините родители

Но, таа тајно во камион стигнала до Перт и отишла во куќата на нејзините родители, каде подоцна била уапсена. Во сојузната држава Западна Австралија, имено, повреда на карантинските правила е строго казнива со затвор до 12 месеци или парична казна од 27.000 фунти.

Адвокатот на Вандер Санден изјави дека таа отпатувала во Викторија за да се грижи за својата болна сестра, но дека веќе не можела да издржи таму. Адвокатот рече дека кога девојката дошла во куќата на нејзините родители таа била во самоизолација и дека не била во контакт со никого.

Судијата Ендру Метјус рече дека таа сторила „многу опасно дело“ што може да резултира со ширење на вирусот и ја осуди на казн од шест месеци затвор.

Loading...

Related posts

Leave a Comment