Свет

3 турски војници убиени во северен Ирак

 

Тројца членови на турските вооружени сили беа убиени за време на судирите со Курдската работничка партија (ПКК), предводена од Курдите, во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана.

Според министерството, тројца војници загинале, а уште седуммина се повредени за време на судирот со ПКК.

Судирите во северен Ирак во неделата беа дел од тековнатае „Операција канџа 3“ на турските вооружени сили; оваа офанзива има за цел да ги елиминира последните остатоци од ПКК во близина на нивната граница.

Турските вооружени сили веќе неколку години се активни во северниот регион на Ирак, и покрај тоа што немаат дозвола од владата во Багдад.

Related posts

Leave a Comment