Политика

33 отсто од Американците го поддржуваат „Мировниот план“ на Илон Маск за Украина: Крим е Русија, референдумот се повторува

 

„Мировниот план“ на Илон Маск за Украина го поддржуваат 33 отсто од Американците, пишува магазинот Newsweek, повикувајќи се на истражување на агенцијата Redfield & Wilton Strategies.

Според резултатите од истражувањето, 24 отсто од испитаниците изјавиле дека не мислат дека идеите на Маск се остварливи.

43% од нив изјавиле дека „не знаат“ дали планот предложен од Маск би можел да биде основа за стабилно мировно решение.

Ако се земат предвид реакциите на неговиот твит за мировно решение за Украина и резултатите од гласањето на неговите следбеници, мнозинството од 53 отсто од нив ја поддржуваат таквата идеја.

Потсетуваме дека на 3 декември американскиот милијардер Илон Маск на Твитер ја објави својата визија за мирно решение во Украина. Според него, Крим треба да остане дел од Русија, бидејќи до грешката на Никита Хрушчов, како што самиот изјавил, полуостровот е дел од Русија од 1783 година.За регионите кои неодамна се приклучија на Руската Федерација, Маск предлага нов референдум со набљудувачи на Обединетите нации.

 

 

Related posts

Leave a Comment