Велат дека љубовта и болката одат заедно, но некои луѓе се толку многу заљубливи и романтични така што мошне брзо забораваат на скршеното срце и љубовта ја бараат повторно.
Овен
Луѓето родени во овој знак се страствени личности кои се во состојба да заборават на секој ризик во љубовта, а тоа значи дека на крајот добиваат многу помалку од тоа што го очекуваат. Сепак, тоа не ги спречува Овните потполно да се предадат во односите, бидејќи добро се чувствуваат само кога чувствуваат длабоко и силно. Тие се трудат многу за да имаат функционални односи со оние кои ги сакаат, тие планираат, организираат, реализираат и го носат сиот емотивен набој на односите.
Покрај партнерите, ним им е пријатно и удобно. Сепак, овие луѓе често завршуваат сами, бидејќи имаат големи очекувања кои нивните сакани не можат да им ги исполнат. Но, колку што се страствени и посветени, толку се и независни и полни самодоверба и самопочит и не трпат долго да бидат третирани лошо.
Близнаци
Близнаците сакаат возбудувања и предизвици, а особено им се допаѓа започнувањето нова врска. Тоа им носи трема, нервоза, страв, но ако чувствуваат силна привлечност, во состојба се да ја надминат својата непријатност и страв и да настапат искрено и отворено. На почетокот ќе бидат малку напорни со вниманието насочено кон партнерот и желбата постојано да угодуваат и да ги прочитаат мислите. Но, нивните чувства се интензивни и тие наоѓаат илјада начини да ги изразат и да пренесат топлина до својот партнер.
Сепак, нивните врски не се трајни, штом помине фасцинираноста од партнерот, тие се привлечени од друга личност на која и го пренесуваат своето адреналинско однесување и заљубеност. Тешко им е да се врзат и да остварат стабилни врски, но секогаш во врските влегуваат со истиот жар и интензитет.
Вага
Како никој, Вагата умее да сака на своја штета. Длабочината на нејзината лојалност ја наведува да го стави партнерот пред себе и да прави тоа што мисли дека е најдобро за него, понекогаш нанесувајќи си штета себеси. Вагите никогаш не се расправаат, туку секогаш успеваат да најдат компромис и затоа се некои од најдобрите личности за љубов. Тие се многу толерантни и посветени.
Се однесуваат како што се чувствуваат, но затоа се потполно отворени и ранливи и често им се случува да бидат повредени, бидејќи нивните сакани не им возвраќаат со истата отвореност и чувствителност. Вагите често го гледаат најдоброто во луѓето, лесно се занесуваат и својата љубов ја воздигнуваат до обожавање, ризикувајќи да бидат погрешно сфатени и повредени.
Стрелец
Личностите родени во овој знак се дрски и одважни во своите карактеристики, тие настапуваат во љубовта како командант кој ја води својата војска во војна, но љубовта на Стрелците е силна и освојувачка, така што з анив е секогаш лесно да ја изразат и реализираат. Во таа борба, тие се подготвени да настрадаат и не им е грижа за тоа, нив ги води страста и не ги интересира што ќе се случи потоа, ниту пак сакаат да калкулираат.
Риби
Оние кои се родени во најчувствителниот знак од хороскопот не калкулираат со своите емоции, се однесуваат водени од своите емоции, не играат игри и воопшто не се плашат да бидат повредени. Кога сакаат, тие потполно му веруваат на партнерот, отворени се кон него и не се плашат да бидат ранливи.
Рибите мошне брзо ја препознаваат љубовта, лесно се препуштаат и повеќе од се на светот ги ценат искрените емоционални односи. Тие се од доверлива природа и брзо го спуштаат својот ѕид пред другите луѓе, но тие го разбираат ризикот, бидејќи веќе ја искусиле љубовната болка и знаат дека за љубовта вреди да се ризикува.