Разно

„FUHRER-EX, Мемоари на поранешен неонацист“

Führer Ex

Понекогаш човек ќе наиде на сведоштва и признанија на места на кои најмалку се надева!
… „Во пролетта 1991 година започна граѓанската војна во Хрватска. Движењето сметаше дека е совршена шанса да им се даде вистинско искуство на оние што го сакаат тоа. Покрај тоа, постоеше историска врска: за време на Втората Светска војна, нацистичка Германија играше активна улога во југословенската етничка политика; нацистите ја поддржуваа марионетската усташка диктатура на Анте Павелиќ, која имаше изградено логори во кои беа убиени претежно Срби, но и Евреи [и Цигани].
Беше поставен систем според кој потенцијалните регрути за Хрватска најпрво беа обучувани во паравоените логори во Германија, а потоа беа предадени на посредници кои беа одговорни за средување на нивниот превоз, облека и храна на патот кон фронтот.
На почеток работевме исклучиво преку усна комуникација. Требаше да бидеме претпазливи во регрутирањето, бидејќи ангажирањето платеници беше строго незаконско во Сојузна Република Германија. Едноставно, на сцената се знаеше дека можете да одите во Хрватска ако целта на вашето патување е борба и дека јас бев еден од лицата за контакт во Берлин. Другите главни лица за контакт во Берлин беа Арнолф Прием и Оливер Швајгерт. Откако ќе ги проверевме регрутите за да се осигураме дека не се шпиони, ги одведувавме во паравоен логор за да бидат тестирани и обучени. Главно не` интересираше дали тие се физички подготвени да одат таму долу. Менталната кондиција не не` интересираше многу.
Познавав едно момче од ГДР [Германска демократска Република – Источна Германија] кој беше лабаво вклучен во Движењето околу една година, а потоа замина за Хрватска… Во документарец, направен пред телевизиски тим, тој беше интервјуиран и зборуваше за тоа колку Срби убил и колку научил за оружјето. Помалку од една година подоцна, и тој самиот беше убиен.
Но, поразумните и повнимателните се враќаа по неколку месеци или една година со вредна обука за оружје и експлозиви. Тие, се разбира, исто така научија како е да се убиваат луѓе. Многумина останаа таму долу, живеејќи во ридовите, постојано вклучени во препукувања за кои никој никогаш не слушнал, и дури сега се враќаат во Германија и Австрија и ја формираат основата на највоинствените и најопасните неонацистички ќелии.
Напорот да се организираат млади германски неонацисти и да се испратат во Хрватска да се борат и да убиваат за Усташе – како што тоа некогаш го правеа СС – беше организиран главно од претставниците на Движењето во Хесен, Баварија и, од логистички причини, заради близината до границата со Југославија – Австрија. Главниот човек одговорен во Германија беше Нерон Реиш. Тој организираше превоз и се грижеше сите да добијат униформи и оружје. Тогаш Мишел Фаци и неговата десна рака, Николас, ги организираа повеќето хрватски неонацистички единици, обучувајќи ги и младите Хрвати и Германците кои ќе дојдеа на хрватското боиште.
Фаци обучуваше Хрвати на возраст од само десет години (ЗАБЕЛЕШКА дека и муслиманските и хрватските војски го правеа тоа – што објаснува зошто „мажи и момчиња“ гинеа околу Сребреница во вообичаениот тек на битката, побивајќи ја приказната за „масакрот“, која фашистичките сили ја креираа и продолжуваат да ја експлоатираат како антисрпска пропаганда) за да ги убијат „комунистите“, додека во меѓувреме ги учеа основите на нацизмот. Со својата детинетост, тој е добар во тоа да направи убиството да изгледа како игра.
Неонацистите главно се бореа независно од другите единици, како легионерски кор. Но, тие добија оружје и муниција, дури и тенкови, од Хрватите (кои беа финансирани од Германската држава)… во една или друга форма, босанските муслимани, хрватските фашисти и косовските Албанци ги пресоздадоа системите, а често и имињата , од нацистичките единици на Вафен СС…. Легионерите водеа сметка за тоа колку Срби убиле и се обидуваа од Хрватите да бидат платени по убиен човек, но добија малку освен непроценливото искуство.
Никогаш не отидов таму долу. Лично, не би одел во Хрватска за ништо на светот. Не видов причина да ја ризикувам главата заради друга нација. Ме интересираше само потенцијалот на регрутите кои исчеличени се враќаат од линиите на фронтот. Вистинската борба во Југославија не ме интересираше.
Затоа, организирав паравоени кампови и помогнав да обезбедам обука и тестирање на регрутите со помош на неколку симпатични луѓе од Бундесверот (германската армија). Имаше многу физички тренинзи – џогирање, ползење, качување. Регрутите научија како да користат огнено оружје, како да го расклопат, исчистат и повторно да го соберат. Имаше обука во користење експлозиви, фрлање гранати и употреба на базуки. Обуката целосно ја моделиравме врз основа на тренинг-вежби на Бундесверот и на она што можевме да го составиме за старата обука на Вафен СС со помош на прирачници за обука и спомените на нашите пензионирани вљубеници во методите на Гестапо.
Но, основниот извор за нашата обука беше ФЕДЕРАЛНАТА АРМИЈА НА ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА…“
Извадок од книгата: „FUHRER-EX, Мемоари на поранешен неонацист“ од Инго Хаселбах (и Том Реис), издание на Чато и Виндус, Лондон, 1996 година. https://www.amazon.com/F%C3%BChrer-Ex…/dp/0679438254
Превземено од Петар Стојчески

Related posts

Leave a Comment