Свет

IX Московска конференција за меѓународна безбедност.

Osma Moskovska konferencija o međunarodnoj bezbednosti - Obraćanje ministra Vulina - YouTube

 

Динамиката на меѓународните конфликти во последните години значително е променета, тие стануваат се покомплексни и мултилатерални. Активноста на транснационалните криминални групи се интензивира, географијата на меѓународниот тероризам и екстремизмот се шири.

Светската популација е принудена да се справи со економската нестабилност, геополитичките
тензии, непочитувањето на меѓународните правни норми, вклучително и во областа на човековите права, растечката нетолеранција и нееднаквост, проблемите поврзани со раселување на населението и последиците од
технолошкиот развој. Во исто време, заканата од климатски промени виси над нас, тоа е главниот системски ризик денес.

Vietnam attends Moscow conference on international security - Nhan Dan Online

Воено – политичката и воено – стратешката ситуација сведочат за зголемените
ризици и закани по светската безбедност, вклучително и активирање на
терористички структури, намалување на нивото на безбедност во Евроазија
во однос на активното распоредување на ударни групи, системи за надзор и
извидување, вооружени конфликти иницирани однадвор, мигрантска криза, влошување на ситуацијата во Авганистан, растечката трговија со дрога во позадина на употреба на технологии на хибридна војна. Тековната негативна геополитичка состојба укажува на тоа дека ниту една земја или организација
не може да ги реши овие проблеми сама, но поради растечкиот популизам и
„недостаток на доверба“ во политичкиот систем, изнаоѓањето колективни
решенија станува се потешко.

Со цел да се зајакне соработката на воените сили од различни земји, и да се бараат заеднички начини за спротивставување на новите предизвици и закани, Министерството за одбрана на Руската Федерација веќе по 9ти пат традиционално организира меѓународен форум “Московска конференција за
меѓународна безбедност”, која не се одржа во март 2020 година поради пандемијата со КОВИД-19. Конференцијата за безбедност се одржува во Русија од 2012 година и е една од најважните меѓународни настани и е вистинска алатка за создавање на механизам за мир и зајакнување на стратешката доверба, овозможувајќи дијалог меѓу вооружените сили за актуелни прашања поврзани со воена соработка во име на обезбедувањемир и стабилност и со цел решавање на општите безбедносни прашања. На конференцијата се поканети министрите за одбрана и нивните заменици од ОДКБ (Организација на Договорот за колективна безбедност), ШОС
(Шангајска организација за соработка), државите членки на НАТО, земјите од
Блискиот исток, Европа и Азија, шефови на меѓународни организации, како и претставници на академските институции и невладини експертски
организации.

Russia-West Tensions Exposed at Moscow Security Conference | Voice of America - English

Агендата на форумот вклучува прашања што се од најголемо значење во обликувањето на ставовите за меѓународната безбедност. Одделни пленарни сесии традиционално се посветуваат на размена на ставови за современите воени закани, вклучително и за подобрување на системот за контрола врз
оружјето како и разговори за безбедносните прашања во Европа, Блискиот исток, Азија, Африка и Латинска Америка.

За 8 години, Московската конференција се етаблираше како авторитативна и
отворена платформа за дискутирање на најактуелните проблеми на глобалната и регионалната безбедност. Во 2018 година, повеќе од 850 делегати од 95 земји во светот учествуваа на конференцијата, вклучувајќи 30
шефови на воени оддели, 14 заменици министри за одбрана и началници на
генералштабови, претставници на 70 истражувачки центри и невладини
организации. Во 2019 година, бројот на делегати надмина 1000 учесници од
111 држава во светот и 7 меѓународни организации. Делегациите на 55 држави беа предводени од министри за одбрана и раководители на воени оддели. Зголемениот број учесници на московската конференција за меѓународна безбедност ја потврдува итната потреба за постојан дијалог на меѓународните безбедносни теми и неговиот дефицит во сегашната меѓународна ситуација.

Меѓународната конференција која ја одржува Русија ја следи својата главна цел како отворен, искрен, еднаков и слободен дијалог во дискусијата за проблемите кои ги засегаат целата светска заедница. Имено, луѓето во
униформа, знаејќи ја вистинската вредност на мирот, можат да најдат заеднички јазик во решавањето на најгорливите прашања од областа на одбраната и безбедноста.

Совет на лидери на секции од Меѓународно општествено – политичко движење “Руско –
Словенско Обединување и Возродување”.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!