Македонија

Kоронавирусот ги одложи сите спортски настани во државата?

Image result for rk vardar skopje

Владата на денешната седница треба да дискутира по предлогот на министерот за здравство, Венко Филипче, за забрана на сите јавни собири во државата како превентива од ширење на коронавирусот, што ако се усвои ќе значи и одложување или играње пред празни трибини на сите спортски настани закажани во следниот период.

Филипче информираше дека ќе предложи до Владата да се забранат сите големи јавни собири на една недела, без разлика дали се на отворен или затворен простор, вклучувајќи ги и спорските натпревари.

„Роковите на масовни собири ќе се знаат после седница на Влада, а ние ќе препорачаме тоа да биде до следниот петок, а понатаму ќе се види како ќе се одвиваат работите“, изјави Филипче.

Викендот, според натпреварувачкиот календар, во Македонија треба да се играат натпреварите од водечките две фудбалски лиги, но и натпреварите од кошаркарското и ракометното првенство. Секако најинтересни за јавноста се дуелите на Вардар и Монпелје (сабота) од Лигата на шампионите, пресметка која реално не може да се одложи туку само да се игра пред празни трибини, како и вечното дерби во кошарка помеѓу МЗТ Скопје и Работнички (недела).

Седницата на Владата е закажана за 11 часот.

Related posts

Leave a Comment