Македонија

Oбвинителката Лиле Стефанова, директно ја обвини Јанева дека влијаела на истрагата за предметот „Империја“,

 

После соопшението на Катица Јанева, исто така со писмена изјава објавена на страницата на СЈО, се јави и обвинителката Лиле Стефанова. Таа,  директно ја обвини Јанева дека влијаела на истрагата за предметот „Империја“, на тој начин што најпрво инсистирала да се ослободат од притвор осомничените, а потоа предлагала и престанок на истрагата, доколку тие се согласат да ја платат штетата што ја предизвикале.
Според Стефанова, во декември 2018 година, Јанева без нејзина согласност одлучила да им ја укине мерката притвор на осомничените со случајот „Империја“. Во март 2019, продолжува Стефанова, таа повторно не се согласила со Јанева да му се даде патна исправа на Панделески. Подоцна, Јанева донела одлука да му се врати пасошот и на Камчев, додека Стефанова била на одмор.
Конечно, на 16 април 2019 година, тврди Стефанова, на состанок во канцеларијата на Катица Јанева, шефицата на СЈО побарала „да и се достават писмени извештаи за штетата во двата предмети кои осомничените треба да ја платат на државата, по што предметите ‘да бидат тука затворени’ и осомничените ‘да не одат во затвор'”. Стефанова, заедно со обвинителот Бурим Рустеми, барала затворска казна за осомничените и сметала дека е прерано за спогодба.
Коментирајќи ги аудио снимките, Стефанова ги обвинува и Јордан Камчев и Цветан Панделески дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец се обиделе да извршат влијание врз предистрагата и врз неа лично, како задолжена за предметот. Таа во изјавата пишува дека Чифлиганец дошол во СЈО да бара информации за случајот против „неговите пријатели“, но таа одбила да разговара со него за предметот. За настанот ги информирала колегите од СЈО. Стефанова ги отфрла како невистинити тврдењата на Камчев од објавените аудио снимки, и смета дека тоа е негов обид да ја дискредитира.
Бизнисменот Чифлиганец се јави со демант на тврдењата на Камчев во снимките. Тој тврди дека „не е човек кој влегува во такви разговори“, односно дека не барал од Камчев дуќан за стоматолошка ординација за Стефанова.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!