Соопштенија

O2 Иницијатива: Државата ни се распродава пред наши очи!Ова НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ!

Можно е да е слика од текст кој вели „SOLD струмица ако се земе предвид дека oÐ вкупно 557 илади 662 хектари,“

Со новиот нацрт-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, продажба која започна во време на ВМРО-ДПМНЕ со стариот закон од јуни 2013 сега на сила, а со која СДСМ сега сака да се раскрчми она што не смее под ниту еден услов да се продава‼️

‼️ Од 557,662 хектари обработливо земјиште, 41% е во државна сопственост и ова земјиште ќе може да се продава за цена од €0.20/0.30 до €1, со зборови ОД 20 ОДНОСНО 30 ЦЕНТИ ДО ЕДНО ЕВРО за 1 м2, односно од 12/18 денари ќе почне продажбата за метро квадратно‼️
🆘 🔺 Државното земјоделско земјиште под закуп ќе се продава по цена од 30 центи до 1 евро за 1 м2‼️
🆘 🔺 За три години се планира продажба на ОГРОМНА површина од 50.000 хектари на т.н. слободно земјоделско земјиште, она кое не е под закуп, по цена од 20 центи до 1 евро за 1 м2‼️
🆘 🔺 Ќе може да се продава и на СТРАНСКИ компании / поединци по 1 евро за 1 м2, под услови на „стратешки инвестиционен проект“ и тоа во ЧЕТИРИ ОЧИ, во т.н. непосредна спогодба помеѓу нив и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство‼️
🆘 🔺 Во ЧЕТИРИ ОЧИ предвидена е и продажба на државно земјоделско земјиште со кое поединец/фирма во постапка на консолидација, окрупнување, се стекнал со право на ко-сопственост‼️
🆘 🔺 Во ЧЕТИРИ ОЧИ е предвидена и продажбата на државно земјоделско земјиште, исто како и во стариот закон од 2013, на сопственик на оранжерија и помошни објекти или сопственик на објекти во стопански двор‼️
Многу договори во четири очи за нешто што е НАЦИОНАЛЕН РЕСУРС и богатство на сите нас❗️
🆘 🔺‼️ Како тоа да не е малце, со овој закон, исто како и со тој сега на сила, земјоделското земјиште после 🔟 (во сегашниот после 8️⃣) години од продажбата МОЖЕ да се продаде, дарува, размени, или пренамени во ГРАДЕЖНО земјиште. Но она што е различно, е што со овој нов закон после 10 години земјоделското земјиште ќе МОЖЕ да се даде и под КОНЦЕСИЈА за геолошки истражувања или ЕКСПЛОАТАЦИЈА на минерални суровини.
👉 Наместо одгледување на храна, приватни лица / компании, странски или наши, ќе може да градат на ова земјиште, хотели, згради, да отвораат нови индустрии, рудници и сл. ‼️🔺🆘
🆘 🔺‼️ Ова НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ‼️🔺🆘
Ова е сценарио со кое ќе бидеме кираџии во сопствена земја, каде нема да може да се има контрола врз производството на храна. Во време на КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, каде нашата земја ќе биде СИЛНО погодена, веќе сме сведоци на тоа, поради негативното влијание на променливата клима врз земјоделското производство, поради измрзнување, град, поројни поплави, високи температури и суша, Владата планира распродавање на земјоделско земјиште на ангро за ЏАБЕ‼️
Наместо програми за агроекологија, насока која Обединетите Нации ја даваат, ние распродаваме земјоделско земјиште‼️
👉 Нацрт-законот е ставен на ЕНЕР и е отворен за коментирање во следните 15 дена. Испратете коментари за повлекување на законов и укинување на сегашниот. Бомбардирајте ја Владата со коментари❗️
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation

⛔️ СТОП ЗА РАСПРОДАЖБА НА НАШЕТО ЗАЕДНИЧКО ДРЖАВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ⛔️

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!