Свет

Youtube ги блокира руските медиуми, според Москва, САД го создаваат светот на Орвел

Ilustracija/Foto: depositphoto/fotoscool

Социјалните мрежи „Фејсбук“, „Јутјуб“ и пребарувачот „Гугл“ воведоа строга цензура наместо слободен проток на информации и ги дисквалификуваат „непожелните масовни медиуми“, оцени рускиот претставник во ОБСЕ, Александар Лукашевич, пренесе ТАСС.

Тој предупреди дека ЈуТјуб, кој го „контролираат“ Соединетите држави, ги избришал сите сметки на руската телевизија Крим-24 на 20 мај, како и сметките на двете руски новински агенции, Ана Њуз и Њуз Фронт.

„Особено потенцирам дека сето тоа е направено без никакво соопштение или предупредување. Одеднаш, на илјадници претплатници им беше забранет пристап до видео материјали што имаа мултимилионски објавувања на каналот“, рече тој.

Ваквата политика, вели тој, е грубо кршење на меѓународните обврски кои гарантираат непречен пристап до информации, слобода на медиуми и изразување.

„Америка се обидува од нас да направи ликови од„ 1984 “на Орвел“, заврши Лукашевич.

Loading...

Related posts

Leave a Comment