Двајца американски војници загинаа, а шест се повредени кога еден авганистанец, облечен во воена униформа, пукаше врз нив од митралез во провинцијата Нангархар, соопшти американската војска.
Напаѓачот е убиен, објави АП, посочувајќи дека станува збор за напад на „инсајдер“.
Неименуван претставник на Министерството за одбрана на Авганистан изјави дека напаѓачот е авганистански војник, кој се расправал со припадниците на американските сили пред да отвори оган.
Тој не е инфилтриран Талибанец, додаде официјалниот претставник. Тој додаде дека во инцидентот е ранет и еден авганистански војник.
Во соопштението на американската армија се вели дека „едно лице во авганистанска униформа отворило оган од митралез врз здружените сили од САД и Авганистан“.
„Ние сè уште собираме информации, а причините или мотивот на нападот засега се непознати“, соопшти американската армија.