Свет

Ердоган : Ерусалим е нашата црвена линија

Ердоган: Ерусалим е нашата црвена линија

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека таканаречениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток е само пуста мечта и дека неговата реализација нема да биде дозволена.

Турскиот претседател испрати писмо до учесниците на третата меѓупарламентарна конференција за Ал-Кудс, што се одржа во малезиски Куала Лумпур, под наслов „Кон стратегија за ставање крај на израелската окупација“.

Ердоган ја поздрави конференцијата во исклучително важен период.

„Планот, претставен на светот како т.н. договор на векот и прогласување на Ерусалим за престолнина на Израел, не е ништо друго освен  пуста мечта што се заканува на мирот и стабилноста во регионот. Ние нема да дозволиме оваа мечта да се реализира “, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека Турција не прифаќа план за анексирање на палестинските територии и газење на правата на палестинскиот народ, Ердоган рече дека е неприфатлива иницијативата со која, под маската на наводните напори за воспоставување на две држави се пробува да се легализира израелската окупација

„За време на повеќегодишната окупација, рушења и страдање на Палестина, Израел нелегално и безправно дојде на денешните граници. Турција никогаш нема да остане нема на анексијата на Ерусалим и нема да ги остави своите палестински браќа сами во борбара. Уште еднаш нагласувам, Ерусалим е нашата црвена линија “, порача Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган понатаму во писмото ги повика муслиманските држави да ја заштитат Ал-Акса и правата на Палестинците.

Related posts

Leave a Comment