Регион

АЛАРМ ЗА БАЛКАНОТ : Џихадистите пристигнуваат во Босна! Над 500 од нив доаѓаат од бојното поле!

ѓ

 

Особено загрижува фактот што Сараево сè уште не утврдило што ќе стори со толку многу екстремисти, затоа што воопшто не сметаше дека ќе им бидат депортирани луѓе кој во Сирија и Ирак пристигнале од европски земји, но имаат државјанство на БиХ.

 

БиХ не ги броеше стотиците луѓе кои заминаа во Сирија од Австрија, Белгија, Шведска, Швајцарија и други европски земји кои имаат државјанство на БиХ. Тие се третираат како граѓани на БиХ и затоа мора да бидат екстрадитирани таму. Во заробеништво има стотици жени и деца, а за сопругите на терористите,вклучително и многу вдовици,се утврдува улогата во конфликтот. Оперативното тело на Министерскиот совет во техничкиот мандат, кое никогаш не ни утврдило кои се  неговите надлежности, сè уште нема јасен план.

Коментирајќи ги овие обвинувања, експертот за безбедност, Џевад Галијашевиќ, вели дека тоа е голема закана.– Враќањето на терористите од ИД е закана за регионот и за цела Европа. Во БиХ веќе има десетици борци на ИД како дел од мигрантскиот бран. Тие чекаат да се интегрираат во радикалниот систем и да го продолжат својот џихад. Ова е одговорност на безбедносните служби, кои дозволија оваа идеологија да се развива и луѓето да одат на боишта, а јавноста ја лажат за нивниот број – предупредува Галијашевиќ.

Related posts

Leave a Comment