СпортФудбал

Алиоски за инцидентот со Арнаутовиќ: Не знам што ми кажа, но на крајот ги решивме несогласувањата

I am not a racist' - Austria goalscorer Marko Arnautović says sorry for  outburst at Leeds United's Gjanni Alioski in North Macedonia Euros clash |  Yorkshire Evening Post

Македонскиот репрезентативец Езѓјан Алиоски имаше вербална „пресметка“ со австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ за време на дуелот од ЕУРО. При постигнувањето на голот, Арнаутовиќ нешто му дофрли на Алиоски.

УЕФА поведе постапка против Арнаутовиќ, а му се заканува дури и суспензија од ЕУРО.

Алиоски денеска на обраќање на новинарите кажа дека не знае што му рекол Арнаутовиќ во таа гужва, но дека после натпреварот разговарале и си пружиле рака.

„Во целата таа гужва и врева, не знам што ми кажа Арнаутовиќ. Важно е што после натпреварот разговаравме и си подадовме рака. Сакам да кажам дека во текот на сите натпревари, такви вербални дуели се случуваат и ова не е ништо невобиичаено“, рече Алиоски.

Related posts

Leave a Comment