Свет

Аналитичари: Нуклеарната војна ќе започне или во Украина или во Јужното кинеско море

Украина е на списокот на места каде, според западните аналитичари, би можела да започне нуклеарна војна.

Списанието „Нешнал интерес“ процени дека инцидентот во Азов можел лесно да доведе до војна од широки размери меѓу Русија и Украина во која Западот би морало да се вмеша.

Без оглед кој го предизвика конфликтот според мислењето на списанието, двете страни беа вмешани, влегувањето во територијалните води на Русија, пукањето и апсењето на морнарите за малку не предизвика голема војна. Украина воведе воена состојба, а кревкиот мир што некако се одржува со договоро од Минск беше доведен во прашање.

Во Украина, можеа да почнат немири,а владата мораше да преземе невнимателни чекори. Во случај на напад врз руските бродови, моќната флота на Црното Море би можела да ја уништи украинската флота, а тогаш може да се вклучи и НАТО.

Односите меѓу Русија и Западот денес се многу тензични и многу потсетуваат на Студената војна, поради што секој помал конфликт предизвикува крајно несакана ланчана  реакција.

Друго место каде може да започне нуклеарна војна, според американскиот весник, е Јужното кинеско море. Борбата меѓу САД и Кина го објаснува зголемувањето на борбената моќ на Пекинг, но очигледна е трговска војна меѓу двете најмоќни нации, пишува Спутник.

Related posts

1 comment

DLM 27/11/2019 at 12:11

Какви се глупости човек нема да прочита!
Како прво, било кое место на планетата каде што има “триење“ или прокси судири може да се протне како повод на нуке-пресметка, па така и Украина односно Кинеското море. Она во што е разликата е тоа што Украина ја има таа инклузивност и истата се користи од страна на ЕУСА за да се инсценира судир од поголеми размери (истото важи и за Кинеското море), споредбено и Македонија ја има таа инклузивност кога е во прашање регионален судир на Балконот…
Кај договорот од Минск, Руската Федерација не е потписник туку се тоа ЕУСА и спротивставените сили во Украина…
Зошто РФ би ја напданала Украина, единственото што ми паѓа на памет е да се натера Украина да ја нападне РФ а ЕУСА во почетокот да дава логистичка подршка и што подоцна би и го искористила и самата да се вклучи активно….
Додека е Штрумф претседник во УСА-то не постои опасност од такво нешто, токму тоа беше најголемата разлика помеѓу Штрумф и Килари (таа заговараше да се нападне РФ со сите средства)… но се покажа дека изборот на Штрумф само ја одложи битката….
Ако иницијативите на РФ и Кина во соработка со БРИКС не ги дадат очекуваните резултати за детронизирање на ЕУСА и доларот секогаш има време и простор за една нова војна!

Како и да е, и да има и да нема WW3 времето на доминацијата на западот претставено преку ЕУСА заврши, процесите се веќе длабоко навлезени и се гледаат првите резултати т.е. крајот на нивниот бандитизам и империјализам…
Според мене многу поважно е како понатаму, односно да не се доведеме во сутуација повторно да се инсталира некоја сила како империја која ќе ги продолжи нивните декадентни политики па да мораме се од почеток!

Reply

Leave a Comment