Се повеќе африкански земји се заинтересирани за купување на билниот напиток „Ковид органик“ неодамна промовиран од претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџелин, тврдејќи дека е природен лек за коронавирусот, иако не постојат докази за тоа.
Претседателот на Танзанија најави дека ќе испрати авион во Мадагаскар за да го донесе билниот напиток, а истото го најави и претседателот на Конго, додека некои земји како што е Гвинеја-Бисао веќе го набавиле, јавува Би-Би-Си.
Станува збор за горчлив хербален напиток направен од артемисија (еден вид пелин), горчлив корен кој се одгледува во Мадагаскар и се користи во некои лекови против маларија.
Лекот беше направен од Институтот за применети истражувања, кој повеќе од 30 години истражува употреба на традиционални лекови во Мадагаскар.
Билниот напиток не е научно тестиран и нема докази дека има некаков ефект врз COVID-19.