Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските држави да го наградат секој ново вакциниран граѓанин со 100 долари, како би се зголемила стапката на имунизација, објави Министерството за финансии.
Во соопштението на министерството се вели дека фонд од 350 милијарди долари може да се искористи за таква иницијатива, наменет за државите, локалните и другите власти во борба против последиците од пандемијата со „Ковид-19“.
Министерството посочи дека ќе обезбеди техничка помош за користење на тие средства со цел да се поддржи поголема вакцинација, пренесува Ројтерс.