Свет

Австралија испраќа војска во Сиднеј да го обезбедува заклучувањето на луѓето

KORONA U SIDNEJU Australija poslala vojsku da kontroliše mere zatvaranja, zvaničnici upozoravaju: To će biti problem

Австралија испрати стотици војници во Сиднеј да помогнат во спроведувањето на локдаунот, откако делта сојот на ковид, кој се појави во јуни, предизвика градот да објави наводни 3.000 заразени и девет мртви.

Затворањето, таканаречениот „локдаун“, кое е во сила најмалку до 28 август, значи дека луѓето не можат да го напуштат својот дом освен во случај на неопходно вежбање, купување намирници, грижа за немоќните и други неодложни работи, пренесува Би-Би-Си .

И покрај петнеделното затворање, бројот на заразени лица во најголемиот град во Австралија ,,продолжува да расте”. Денес се регистрирани 170 нови случаи.

Australian Defence Force soldiers walk through the city during Melbourne's lockdown last year.

Патролирањето на армијата по улиците започнува во понеделник и пред да и се придружи на полицијата во спроведувањето на мерките, кои вклучуваат забрана за возење на повеќе од 10 километри од дома, војниците ќе треба да поминат обука за време на викендот.

Министерот за полиција Дејвид Елиот изјави дека армијата ќе патролира по улиците поради според нив малиот број луѓе во Сиднеј кои мислат дека „правилата за нив не важат“.

Здружението на австралиски правници оцени дека испраќањето војска во либерална демократија е „загрижувачко“.

Критичарите велат дека сиромашните западни и југозападни области, каде живеат околу два милиони луѓе, веќе се соочуваат со зголемени полициски мерки и дека ограничувањата таму се построги отколку во остатокот од Сиднеј.

“Овие луѓе се меѓу најсиромашните и веќе се чувствуваат маргинализирани. Тие не можат да си дозволат хипотека, кирија, храна, да одат на работа. Испраќањето војска на нив ќе биде голем проблем”, рече локалниот службеник Стив Христу.

Други ги повикаа австралиските власти да ја засилат кампањата за вакцинација и да ги поддржат заедниците кои се особено погодени. Во Австралија, само 17 проценти од возрасните се вакцинирани, што е најниска стапка меѓу развиените членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).

Related posts

Leave a Comment