Свет

Бајден побара оставка од Куомо поради обвинувањата за сексуална злоупотреба

Cuomo Meets With Biden at White House to Talk COVID Response

Петмесечната истрага откри дека гувернерот на државата Њујорк сексуално злоставувал неколку жени, објави во вторникот државното обвинителство.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот се приклучи на повиците за оставка на гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо поради обвинувањата за сексуална злоупотреба на повеќе жени.

„Мислам дека тој треба да поднесе оставка“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа.

Петмесечната истрага откри дека гувернерот на државата Њујорк сексуално злоставувал неколку жени, објави во вторникот државното обвинителство.

Куомо, како што покажа истрагата, без согласност ги прегрнувал, допирал, бакнувал и им упатувал непристојни изрази на жените, од кои 11 се многу млади, изјави главниот обвинител Летиција Џејмс.

Гувернерот на Њујорк, исто така, беше повикан да поднесе оставка од претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.

Куомо ги отфрли сите обвиненија.

Related posts

Leave a Comment