Американските власти го прекинаа тестирањето за короната, што беше иницирано во Сиетл на иницијатива на Бил Гејтс. Програмата на Гејтс во Сиетл требаше да биде тест за формирање на поширок систем за набудување на вирусот корона во САД.
Американската администрација за храна и лекови (ФДА) нареди прекинување на стотици тестови на ден во Сиетл, што беше иницирано од милијардерот Бил Гејтс, пренесе РТ.
Гејтс објави дека 300 луѓе дневно ќе бидат тестирани преку програмата SCAN (Seattle Coronavirus Assessment Network), но сега е објавено дека програмата е „моментално на пауза поради судир со ФДА“.
Програмата на Гејтс претходно беше одобрена од Министерството за здравство во Вашингтон, но подоцна беше утврдено дека експерименталното тестирање за вирусот корона бара дозвола од федералните власти.
ФДА побара дополнителни информации за програмата СКАН, која ги тестира луѓето кои немаат симптоми на коронавирус засновани на брисеви од нос.
Гејтс изјави дека оваа програма треба да биде тест за формирање на „систем за надзор за ширење на вирусот корона“, а истиот го спроведуваат пет здравствени организации од Сиетл. Програмата требаше да послужи како примерок во кој ќе се видат резултатите од тестот на луѓето кои имаат, но и оние кои немаат симптоми, односно како се шири вирусот, кој е најзагрозен и дали помагаат мерките за физичко оддалечување.
I’m hopeful that this program will improve our understanding of the coronavirus outbreak in Seattle and provide valuable information about the virus for other communities around the world. https://t.co/wnFarp28ys
— Bill Gates (@BillGates) May 13, 2020