Израелската армија потврди дека извршила ракетни напади врз Појасот Газа, наведувајќи дека тројца припадници на милитантната организација Хамас, кои претходно го ракетираа Ерусалим по истекот на ултиматумот испратен до израелската влада да ги повлече безбедносните сили од Ал Акса џамијата, беа убиени во ракетни напади.
Во извештајот на „Ерусалим пост“ се наведува дека меѓу убиените членови на Хамас е еден од командантите, кој бил меѓу примарните цели на повратните ракетни напади на израелската армија.
Сирените за предупредување од ракетен напад се огласија во Ерусалим, а кратко потоа се слушнаа и детонации, објави претходно Ројтерс.
Претставникот на военото крило на Хамас, Абу Обеид, потврди дека ракетните напади биле одговор на, како што рече, „злосторството и агресијата“ што Израел ги извршува во Ерусалим, пренесе АП.
„Ова е порака што непријателот мора добро да ја разбере“, рече Обеид, заканувајќи се со нови напади доколку Израел повторно им нареди на своите безбедносни сили да ја нападнат џамијата Ал Акса или да извршат протерување на Палестинците кои живеат во источен Ерусалим.
По ракетите на Ерусалим, израелскиот парламент беше евакуиран, а долж границата со Газа, Израел ги зголеми своите сили.
Пред малку на социјалните мрежи се појавија снимки од дрва што горат околу џамијата Ал Акса, која е едно од најсветите места во исламот.
Aамијата Ал Акса е едно од најпознатите муслимански светилишта во Стариот град Ерусалим. Буквално преведено од арапски јазик, името на оваа џамија е „најоддалечена џамија“. Ал-Акса се наоѓа на Храмовната Гора, местото на храмот во Ерусалим. Овој храм бил целосно уништен во 1 век, по неуспешниот еврејски бунт против Римјаните. По уништувањето, на Евреите им било забрането да влегуваат во Ерусалим. Откако беше преземен од Христијанска Византија, градот беше окупиран од муслимани, кои изградија џамија на местото на поранешниот храм. Западниот ѕид што го опкружува ридот на кој се наоѓа Ал Акса, се смета за единствениот остаток од храмот на Ирод и претставува најсветото место за Евреите кои го нарекуваат Ѕид на плачот.
Tree on fire on the Temple Mount pic.twitter.com/tTAmClOWVT
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) May 10, 2021
There’s a fire in al aqsa pic.twitter.com/aRe0LDwBwB
— ْ (@M1SANDR1ST) May 10, 2021
JUST IN – Fire on the Temple Mount in #Jerusalem pic.twitter.com/EXSMzoFJ6k
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) May 10, 2021