Свет

Боливискиот Сенат ја поништи изборната победа на Ево Моралес

BOLIVIJSKI SENAT SKINUO MORALESA: Poništena izborna pobeda svrgnutog predsednika Bolivije! (VIDEO)

Тој во моментов е во Мексико, кој му понуди азил

Сенатот во Боливија ја поништи изборната победа на соборениот претседател Ево Моралес , пренесува Раша Тудеј.

Сенатот го усвои предлог-законот со кој се прогласи за ништовна изборната победа на Моралес  .

Донесен е и друг предлог-закон што ја отвора вратата за нови претседателски избори, според АФП.

Тој во моментов е во Мексико, кој му понуди азил.

Боливија е во турбуленција од изборите на 20 октомври, кои, според меѓународната ревизија, биле нерегуларни.

Поранешниот претседател Ево Моралес поднесе оставка на 10 ноември по протестите против него и притисокот од безбедносните сили, но неговите приврзаници се спротивставуваат на привремената влада што го зазеде неговото место.

Related posts

Leave a Comment