Македонија

Бројката на заболени од Корона вирусот се искачи на 259, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

Во текот на прес конференцијата на Министерот за здравство, Венко Филипче, каде беше информирано за 16 новозаболени, Институтот за јавно здавје потврдил уште 2 позитивни пациенти, со што денешната бројка изнесува 18 лица позитивни на коронавирусот.

Со новите податоци, вкупниот број на заразени се искачи на 259 лица.

Од новозаразените најмногу се од Штип каде има 6 пациенти, понатаму Скопје -3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1.

Според местото на живеење, досега најмногу случаи на коронавирус има во Скопје – 145, понатаму Дебар -46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга-5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1.

На Клиниката за инфекнтивни болести во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, со што бројот на починати достигна вкупно шест лица.

Најмладиот починат пациент е на 31-годишна возраст, а најстариот имал 91 година.

Досега целосно се излечени три лица.

Related posts

Leave a Comment