Македонија

Владимир Милчин до Едмонд Адеми – Како не ти е срам?

 

 

Професорот, Владимир Милчин, преку фејсбук му се обрати на министерот без ресор, Едмонд Адеми, реагирајчи на изјавата на Адеми околу случајот од пред два дена кога се отвори пицеријата кај Чинарот во Охрид, во објект дивоградба, во сопственост на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Општина Охрид.Едмонд Адеми,овој наста го спомена во неговото интервју за Радио Слободна Европа каде што изјави дека се појавила „хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО“.

„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

 

Related posts

Leave a Comment