Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, коментирајќи дека партискиот лидер продолжил со отчетот и во услови на немање на струја.
„Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, велат во соопштението.
Попладнево речиси половина Скопје остана без електрична енергија.