Свет

Во Вухан, денес и втората новоизградена болница со 1.600 кревети

Локалните власти во Вухан најавија дека ќе пренаменат уште осум места во импровизирани медицински установи, пренесува Ксинхуа, алудирајки на спортски центри, гимназиски згради и изложбени сали.

Трите веќе реконструирани објекти имаат 3.400 легла. Севкупно, 11 привремени болници имаат 10.000 легла за пациенти со коронавирус. Овие импровизивни болници се очекува да бидат во функција од среда.

Вухан, главниот град на покраината Хубеи, за само десет дена изгради 1.000-креветна болница „Хоошеншан“ и се очекува денес да ја отвори втората новоизградена болница во Лејшеншан.

Вухан, град со 11 милиони жители, има на располагање многу болници и клиники, но бидејќи коронавирусот продолжува да се шири, сериозно влијае на градот и покраината, потребни се дополнителни медицински услуги и болнички капацитети, јави Ксинхуа.

Во вторникот, во Хубеи се пријавени 3.156 нови случаи на вирус и 65 нови смртни случаи, со што вкупниот број заразени во покраината достигна 16.678, со 479 смртни случаи.

Related posts

Leave a Comment