Од присутните 68 пратеници во собраниската сала, во моментот кога информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање, а откако се исцрпи листата на дискутанти, гласаа сите 68 пратеници. Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица.
Исходот од гласањето беше проследен со аплауз од пратениците од СДСМ и од партиите на Албанците.
Со тоа, Собранието на Македонија ги прифати предлог-заклучоците поднесени од пратениците Јован Митрески од СДСМ и Арбер Адеми од ДУИ.
Претседателот на Собранието Џафери потоа рече дека за во 14 часот го закажува продолжението на седницата за ребалансот на буџетот.