Актуелно

Гаисер: Не сум продолжена рака на Орбан и Салвини,и не ги откривам помошниците од Македонија!

 

Во интервју за словенечкото радио на италијански јазик „Каподистрија“, Ларис Гаисер од порталот „Ла Верита“, направи анализа на случувањата и на реакциите од граѓанската и политичка јавност во Македонија, но и од странските амбасади и ЕУ.

Се задржува на изјавите на еврокомесарот Хан, кој побара расветлување на случајот, но и на изјавата на амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Брнс, којашто порача дека станува збор за сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, односно дека е време земјава да покаже дека е посветена на заложбата за владеење на правото. За Гаисер индикативно дека во Македонија има исполитизирано судство е и постапката и на шведската влада која одби екстрадиција на македонски државјанин, уапсен во Шведска по потерница од Интерпол заради вмешаност во настаните од 24 април, со образложение дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.

Гаисер се повика и на изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во која тој го повикува Заев да се повлече од премиерската функција.

Во целава ситуација единствено молчат федерика Могерини, којашто ја поддржуваше Катица Јанева, и премиерот Зоран Заев, заклучува Гаисер, оценувајќи дека некои од Меѓународните претставници не сакаат да ја видат корупцијата во Македонија.

Во интервјуто за „Каподистрија“, Гаисер зборува и за обраќањето на претседателот Стево Пендаровски, коешто го оценува како позитивно, иако, како што рече, во почетокот стравувал дека тој би можело да заземе политичка страна.

Во своето интервју Гаисер се огради од шпекулациите во јавноста дека е продолжена рака на Орбан и на Салвини, нагласувајќи дека тој само ги изнесува на виделина фактите до кои дошол после повеќегодишна работа.

-Сигурен сум дека Заев е на крајот од кариерата, вели Гаисер изразувајќи очекување дека парламентот и претседателот на државата ќе се освестат и ќе го разрешат премиерот.

-Заев е дел од проблемот и не може да ја претставува државата пред меѓународните фактори, оценува Гаисер.

Related posts

Leave a Comment