Како што многу пати до сега сме кажале дека сето ова што денес се случува како во светот така и кај нас е планирано многу одамна и не е така случајно како што некој сака да прикаже. Ние Македонците не си имаме работа само со Грчката глупава страна и европската солидарност, туку напротив ние си имаме работа со црната аристократија билдерберг чија крајна цел е уништување на нациите и државите онака како што досега беа поимувани од страна на човештвото и на нивно место да се создадат нови држави кои ќе бидат без функции и ингеренции како што државите до сега ги има. Да се создадат национални држави без национални идентитети со свои автентични атрибути, туку место нив да се креират луѓе бројлери, послушни идиоти, држави со сатрапи, односно луѓе кои нивниот живот и нивното функционирање ќе биде ставено во полза на банкарско- корпоративниот систем.