Кодирани пораки, непрецизни информации на ниво на шпекулации и недоволно храброст да се објават вистинските податоци. Дали тоа се прави со намера да се дефокусира јавноста од вистинските сторители, или пак се работи за друга (лукративна можеби?) намера, останува на јавноста да пресуди, пишува порталот „Инфомакс“.
Според порталот, многумина прашувале дали е точно дека некој од УБК (мислејќи на Јовче Ременски) украл компромитирачки материјали од службата, со кои подоцна бил уценуван скоспки бизнисмен, а многумина мислат дека станува збор за Фијат Цановски.
„Инфомакс“ поставува неколку прашања, на кои вели дека ги знае одговорите, но за јавноста ќе има можност да ги обелодени и Вилма Русковска или пак самите актери вмешани во ситуацијата.
Дали е точно дека УСБ-то со компромитирачките материјали од сексуалните фантазии на скопскиот бизнисмен излегле од сефот на Јанева во СЈО?
Дали е точно дека на бизнисмеот му биле испраќани „парчиња“ од внатрешноста на Македонија, а за тие услуги тој исплаќал сериозни суми на пари?
Дали е точно дека еден дел од тие пари биле исплатени преку фирма на неговиот зет на сметка на „Меѓународен Сојуз“ како инвестиција во проект за дом за стари лица?
Дали е точно дека Ременски присуствувал на средбите со бизнисменот и служел како обезбедување на зделките читај рекетот?
Дали е точно дека на телефонот „Ајфон“ одземен од Бојан Јовановски со „златно-жолта боја“ ИМЕИ бр. 357……. и СИМ картичка бр.893……….. се најдени пораки од Зоран Заев?
Дали е точно дека материјалите кои се предмет на јавна дебата се најдени на УСБ „Урбан Крузер“, „Супер Тален“?
Дали е точно дека е најден крипто-телефонот на Милевски марка „Биттиум“, и што има на него?
Дали е точно дека средбите се остварувале во еден елитен ресторан на излезот на Скопје, кон Велес?
Дали е точно дека Зоран Заев во пораките кои ги разменил со Јовановски бил информиран за она што го правел бизнисменот, и дали е точно дека ги одобрил активностите на Боки и неговите компањони?
извор: Инфомакс