ЛЕЗБОС – Два брода со 67 мигрантии впловија синоќа во пристаништето на островот Лезбос, јави грчката агенција АНА.Со првиот брод пристигнаа повеќе од 50 мигранти од Африка и Авганистан, а со вториот 16 мигрантии од Сирија и Авганистан.
Сите што пристигнале на Лезбос, ќе поминат лекарски преглед согласно националниот протокол за спречување на ширењето на коронавирусот, а после тоа ќе бидат сместени во 14-дневен карантин.
Од почетокот на мај, вкупно 173 мигранти пристигнале во Лезбос со пет бродови, додека ниту еден мигрант не пристигнал на другите грчки острови уште од средината на март.