Двајца американски војници беа убиени во Ирак во неделата додека ги придружуваа ирачките безбедносни сили во мисија да го елиминираат упориштето на ИД, соопшти американската команда.
Во изјавата се истакнува дека „непријателските сили биле одговорни за смртта“, пренесува Ројтерс.
Соединетите држави имаат околу 5.200 војници во Ирак на мисија да им помагаат и да ги обучуваат ирачките безбедносни сили во борбата против Исламската држава.