Навивачите на Црвена Sвезда се собраа вечерва пред црногорската амбасада во Белград во знак на протест против усвојувањето на контроверзниот акт за религиозна слобода на земјата.
Насобраните пред амбасадата го гаѓаа црногорското знаме со пиротехника, обидувајќи се да го запалат. Знамето беше значително оштетено на две места. Тие пееја српски националистички и навивачки песни. Имаше скандирања против црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, како и против црногорскиот амбасадор и им беа испратени голем број навреди.
Навивачите кои присуствуваа на победата на Црвена Ѕвезда над Баерн се собраа по натпреварот пред „Штарк Арена“, од каде се упатија кон зградата на амбасадата во улицата „Кнез Михајлова“ за да протестираат против усвојувањето на законот . Нешто пред 10 часот, тие пристигнаа пред амбасадата, а по околу 20 минути протестот заврши.