Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен жестоко ја коментираше одлуката на Федералниот суд во Мелбурн да го депортира Новак Ѓоковиќ од Австралија .
Тој на Твитер објави статус во кој е изненаден од одлуката на австралискиот суд.
Не можам да се вразумам и едноставно да прифатам дека избркаа здрав спортист од земја во која има направено повеќе добри дела од овие „важни поединци“ кои одлучуваат. Верувам дека и тие имаа партиски состаноци додека граѓаните зјапаа во таванот две години“, напиша Ѓоковиќ и ја објави следната фотографија на Твитер со хаштагот „Австралија падна“.
#AustraliaHasFallen pic.twitter.com/WcQnXsQXG8
— Dejan Lovren (@Dejan06Lovren) January 16, 2022
Да потсетиме, Федералниот суд во Мелбурн ја одби жалбата на српскиот тенисер на одлуката на министерот за визата, а потоа нареди негова депортација. Ѓоковиќ треба да замине од Австралија во 12:30 часот кога ќе полета од Мелбурн за Дубаи.