Свет

ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Полицијата спречува илјадници мигранти да влезат на нејзината територија (ВИДЕО)

Грчката полиција спречи 1.646 мигранти да влезат на грчката територија во последните 24 часа.

Уапсени се двајца мажи, еден од Египет и еден од Мароко, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Десетици илјади мигранти се обидуваат да ја преминат турско-грчката граница откако Турција на 28 февруари изјави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и бегалците на нејзина територија, како што е поинаку предвидено со договорот од 2016 година меѓу Анкара и Европската унија.

Related posts

Leave a Comment